Од страна на РЦ за ГР “Исток“ и бугарската гранична полиција (РДПГ Ќустендил), спроведена е координирана акција со цел фаќање на лице бегалец од затворот во Струмица. Имено, по претходно добиени оперативни сознанија за локацијата на бегалецот, од страна на РЦ за ГР “Исток“ превземени се мерки за оперативно покривање на државната граница, во пределот на Малешевските планини и планината Огражден.
Според оперативните сознанија, лицето по бегството од затворот, имало намера илегално да ја премине државната граница, за да по илегален пат ја напушти Р.Македонија и влезе во Р.Бугарија. За таа цел, од страна на РЦ за ГР “Исток“ на повеќе места се поставени сигнални “фото камери“ за надзор на државната грaница. По добиен сигнал од СКАУТ камера поставена во близина на македонско-бугарската граница добиена е слика на две лица кои се движат кон државната граница при што по претходно подготвениот план за постапување на лице место излезени се групите за интервенција од РЦ за ГР Исток и Граничната полиција на Р.Бугарија, при што едното лице е фатено на местото на настанот во територијата на Р. Бугарија, а другото се дало во бегство кон територијата на Р.Бугарија.
Во координираната акција фатен е македонскиот државјанин Ѓ.И.(41) од Кочани, којшто побегнал од затворот во Струмица (инаку осуден во акцијата “Детонатор”) и притоа се сокривал во викендица во месноста Абланица, беровско. Потоа со такси возило се превезува до Ново Село, струмичко каде е пречекан од бугарски државјанин (кој е во бегство) а истиот бил ангажиран од друго лице, при што пеш го спроведува до државната граница со Р.Бугарија. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.