Специјалните полициски единици донираа храна за жители од поплавените подрачја

Припадници на специјалните единици во МВР во координација со Секторот за полициски работи од општа и посебна надлежност при МВР, како и со Црвениот крст на РМ, доброволно се откажаа од еднодневното требување на оброк за припадниците на овие единици при МВР, а собраните прехранбени намирници (храна, вода, сокови) што инаку секојдневно им следува, беа собрани и дистрибуирана на жители од прилепско, односно општина Кривигаштани, од подрачјата што неодамна беа зафатени од големите поплави. Донацијата од прехранбени производи завчера од страна на припадници на специјалните единици а во присуство и на првиот човек на СВР Битола Методија Атанасовски, беше предадена на градоначалникот на истоимената општина Тони Заткоски а потоа доставена на оние на коишто им е најпотребна.