Се надевам дека на крај ќе постигнеме значаен прогрес за европската перспектива на земјата. Понекогаш е подобро да се имаат интерни разговори со цел да се постигне напредок, изјави еврокомесарот за добрососедска политика и преговори за проширување Јоханес Хан по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски.
Хан не кажа детали за разговорите.
Премиерот Груевски по средбата во резиденцијата на ЕУ рече дека го информирал Хан за сите случувања во Македонија.
„Ова беше добра можност во еден подолг разговор да го информирам комесарот за сите случувања, за сите наши чекори што ги правиме за различни сектори – во економијата, во сите други сектори и да слушнам како тие гледаат на тоа и што очекуваат од нас. Исто така, поразговаравме и за актуелната политичка ситуација. Го кажавме она што е вистината, односно она што се случува“, изјави Груевски.
На прашањето дали има предлог од Хан за надминување на кризата, премиерот одговори дека не станало збор за тоа, туку дека биле разменети мислења.