Доделени пакети со храна и средства за хигиена во Домот за доенчиња во Битола

Ротаракт Клубот од Охрид и Македонската Мисија за Хуманост, денес доделија пакети со храна и средства за хигиена, во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

Во рамките на посетата, беше остварена средба и со директорката на институцијата, Наташа Младеновска – Лазаревска, која истакна голема благодарност за донацијата, во име на сите деца кои се под заштита на оваа установа.

Беа договорени и иницијативи за понатамошни активности од ваков вид, кои ќе помогнат во подобрувањето на условите и на квалитетот на живот на децата кои престојуваат таму.