Проектот „Предложете сообраќајна контрола на веб-страницата на МВР“, кој поради технички проблеми изминатиот период не функционираше, е ставен повторно во функција, односно граѓаните на интернет страната на Министерството, со кликање на банерот со слика од проектот, секојдневно ќе можат да пријават одредени неправилности на одредени улици на кои честопати биле сведоци.
Потребно е граѓаните само да ни ја наведат локацијата и временскиот период во кој најчесто ги забележале овие појави без разлика дали станува збор за брзо возење, некакви трки, непрописно паркирање или други непочитувања на сообраќајната сигнализација и законски обврски. Нивната забелешка веднаш се проследува до Секторот за сообраќај од каде што во најкус можен рок се изготвува план за вршење на контрола во однос на информацијата доставена од граѓаните. По завршувањето на контролата, повратно ги известуваме граѓаните за преземените мерки, констатираната состојба и изречените санкции.
Од стартувањето на проектот (28.07), па се до денес, на ниво на Република Македонија пристигнати се вкупно 302 барања од граѓани, постапено е по 218 барања (изразено во проценти 72%) на кои е одговорено повратно до меилот на испраќачот на барањето. По сите 218 реализирани предлози за сообраќајна контрола, превземени се вкупно 842 мерки од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата (најчести прекршоци за кои се преземени мерки се – забрането запирање и паркирање, непочитување на светлосни сообраќајни знаци, употреба на мобилен телефон,возење без светла, возење со брзина над дозволената, непрописно пристигнување, употреба на нерегистрирано возило, неносење заштитен шлем, недозволено престројување на крстосница, казни за возачи почетници, некористење на безбедносен појас, управување на возило под дејство на алкохол и другo.
Покарактеристични случаи, односно најмноги пријави добивме за неправилно паркирање пред кафе бар на улицата „Илинденска“, за недозволено полукружно свртување кај влезот на Државна болница и за ноќните трки на „Партизанска“. На овие локации сообраќајната полиција многу често вршеше контрола и ги констатираше прекршоците.