Со решение од страна на Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски разрешен е директорот на јавното претпријатие за комунална дејност во општина Дебрца, Јасмина Мицкоска, поради неисполнувањето на очекуваните резултати во претпријатието изминатиов период и реакциите од жителите на општина Дебрца.
За в.д. Директор назначен е Стојмир Велјаноски, вработен во јавното претпријатие, согласно законските одредби од законот за Јавни претпријатија.
Во наредните денови од страна на Градоначалникот ќе биде распишан Оглас за пројавување на интерес за функцијата – директор на јавното претпријатие на кој ќе се бара компетентна личност која ќе ги исполнува условите од законот за јавни претпријатија на РМ и да одговори на потребите од жителите на општина Дебрца во однос на комуналната сфера.