По претходно добиени сознанија дека на теренот на ПС за ГП и ГН – Блато-Дебар можно е да се врши шверц со наркотични средства од страна на УПС излезено е на терен со специјалното моторно возило кое е опремено со уред за ноќно и денско набљудување при што во близината на патот кој води кон шталите на 33 “Прогрес“ забележани се две лица кои илегално влегле во Р.Македонија од Р.Албанија и истите биле сокриени во близина на регионалниот пат кој води од ГП Блато кон Дебар. Веднаш од страна на УПС при ПС за ГП и ГН Блато излезено е на терен на местото каде што се наоѓале лицата и при обид истите да бидат фатени се дале во бегство во различни правци едното лице кон Р.Албанија а другиот кон с.Шулан, дебарско кое се наоѓа во близина на државната граница на Р.Македонија со Р.Албанија.
Лицето кое што се упатило во правец кон Р.Албанија во кординација со албанските полициски органи е фатено на албанска територија од нивна страна и притоа утврдено е дека тоа е лицето П.М.(22), албански државјанин а второто лице успеало да побегне.
Од страна на УПС извршен е детален преглед и претрес на теренот по правецот на движење и трагите кои видно се гледале на снегот каде претходно со помош на термалната камера биле забележани и лицата при што во една од нивите во атарот на с.Бањиште, дебарско во меѓа обрасната со ниско стеблеста шума е пронајдена една бела јутена вреќа во која имало две најлонски кеси обвиткани со самолеплива трака со непозната тревкаста материја.
Од страна на Крим-техника при ПС-Дебар непознатата тревкаста материја е обезбедена и подигната а потоа е и испратена на вештачење во ОКТИВ при МВР. По добиено вештачење констатирано е дека пронајдениот материјал преставува опојна дрога марихуана со вкупна нето маса од 1,975 грама.
Против албанскиот државјанин П.М. како и против засега непознатото лице до надлежното ОЈО поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело -“неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекузори“, предвидено и казниво по чл.215 став 1 од КЗ на РМ.