Се уредуваат јавните зелени површини во Подмоље

Во рамките на Програмата за работа на ЈП „Охридски Комуналец“ за годинава е дефинирано и одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило во приградските населби и села, каде по однапред запазена динамика се одржуваат јавните површини и хортикултурно се уредуваат зелените површини.

„Во согласност со овие активности се расчисти с.Подмоље каде се искоси тревата покрај коловозните ленти и пешачки патеки, се подигна расфрланиот ситен отпад, а потоа се изврши темелно метење на јавните површини.“- информираат од претпријатието.

DSCN10561