Поскапуваат нафтените деривати

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 7,74%, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 09.02.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 67,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 4,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 09.02.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,00 ден/лит, а на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 43,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,724 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 09.02.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,180 ден/кг.