Од 07:00 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Лакавица-Неготино на 7км. над село Лескоица има пропаѓање на патот од 200м на кој е извршена санација. Поставена е содветна сигнализација за внимателно управување со возилата.
На патниот правец Страцин – Крива Паланка, на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Според информациите добиени од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. На повисоките планински премини во западниот дел од државата има остатоци од кашест снег на коловозите. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, а на Маврово врнежите се од среден интензитет.