СВР-Скопје, до надлежното ОЈО со кривична пријава го предаде лицата Х.Е.(25) и А.Г.(22) и двајцата од Скопје поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела – “тешки кражби“ предвидени и казниви по чл. 236 од КЗ, за што од страна на судија на претходна постапка на Х.Е. одредена му е мерка притвор во траење од осум дена, а додека на А.Г. мерка “зајакнат надзор“.
Горепријавените, кривичните дела ги извршиле на подрачје на Кисела Вода и тоа првото кривично дело го извршиле во вечерните часови, на тој начин што дошле до станот кој се наоѓа на приземјето од зградата и откако се увериле дека нема да бидат забележани од никого, се прекачиле на балконот од кујната и со употреба на физичка сила и погоден алат (штрафцигер) делувале помеѓу крилото и рамот на балконската ПВЦ врата од кујната при што истата ја отвориле и преку истата влегле во станот.
Второто кривично дело го извршиле на тој начин што дошле до станот на приземјето од зградата и откако се увериле дека нема да бидат забележани од никого, со употреба на физичка сила и погоден алат (штрафцигер и француски клуч) делувале на цилиндерот, го скршиле а потоа делувале на бравата од влезната врата истата ја отвориле и влегле во станот.
Откако ќе влезеле во становите претурале и пребарувале во просториите при тоа во двата стана пронашле и одзеле еден пиштол марка “Црвена Застава М70“ калибар 7,65 мм, пари, разновиден златен накит, златни пари, плазма – ЛЦД телевизор, мобилни телефони, машки и женски рачни часовници, каса пластична полна со ситни пари, таблет и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 522.000 денари.
По извршувањето на кривичните дела двајцата се упатувале во нивните домови каде што украдените пари и предмети ги делеле помеѓу себе а наредниот ден (пиштол, златен накит како и друг накит) ги продале на непознато лице за кое истите не сакаа да го откријат неговиот идентитет, додека дел од украдениот накит пријавените го задржале за себе. Добиените пари од продажбата ги делеле и ги трошеле за свои лични потреби како и за купување на опојни дроги и алкохолни пијалоци.
Врз основа на наредба на Основен Суд Скопје 1 -Скопје извршени се претреси во домот на пријавените при што кај истите се пронајдени дел од украдените предмети кои со потврди се одземени и истите се донесени во просториите на ПС -ОН “Кисела Вода“, каде од страна на оштетените извршено е препознавање на преметите кои се одземени при претресот при што истите им се вратени.
Првопријавениот Х.Е. е познат извршител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Скопје во периодот од 2006 до 2014 година поднесени му се 11 кривични пријави, додека пак на А.Г. во 2012 година му е поднесена една кривична пријава