ВМРО-НП: Со што се фали Бакрачески?

ОК на ВМРО-Народна партија – Охрид денес испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Вчера бевме сведоци на театралното доделување на решенијата на спортските екипи за користење на спортските терени ЈП „Билјанини Извори“. Субвенциите кои ќе бидат уплатени на сметка на ЈП „Билјанини Извори“ изнесуваат околу два и пол милиони денари.

Доколку Бакрачески не бил запознаен, а сега се фали дека спортските екипи најмногу се субвенционирале, во минатото сумата за користење на спортските терени што ја плаќала Општина Охрид за екипите никогаш не била под четири милиони денари. И не само тоа. На сите спортски екипи им беше обезбеден превоз за гостинските натпреварувања, а добиваа и финансиски средства што сега на пример го немаат.

Бакрачески како да заборавил дека во Охрид има и водени спортови и сосема ги исклучил од наводно субвенционирање. Резултат од помагањето на спортските екипи од страна на Бакрачески и локалната власт на ДПМНЕ е згаснувањето на повеќе екипи. На пример, пред неколку денови, боксерскиот клуб ја извести јавноста дека нема повеќе да се натпреварува бидејќи воопшто немаат средства, а сличен таков пример имаше со уште неколку екипи од градот во последниве месеци.

Што субвенционира Бакрачески? Дали заборави дека повеќе од три месеци во ЈП „Билјанини Извори“ немаше електрична енергија? Со тоа, тој и претпријатието можат да конкурираат во Гинисовата книга на рекорди за тоа како едно јавно претпријатие толку долг временски период било исклучено од напојување со електрична енергија“. – стои во соопштението од ВМРО-НП Охрид.