Насоки за поднесување на даночни биланси за единките корисници на буџетски средства

Единките корисници на буџетски средства не се обврзници на данокот на добивка за средствата кои ги добиваат од Буџетот на РМ, Буџетите на единиците на локалната самоуправа, Буџетот на градот Скопје и Буџетите на фондовите за вршење на целите активностите и надлежностите за кои се основани, дадени со цел реализирање на одредени програми и цели утврдени согласно со нивниот статут и програма, истите не се предмет на оданочување односно не влегуваат во даночната основа на која се пресметува и плаќа данокот на добивка.

Доколку наведените корисници на буџетски средства остваруваат приходи од вршење на стопанска дејност и истите се наменети за финансирање на расходи за стопанска дејност, за истите постои обврска за пресметка и уплата на данок на добивка, со поднесување на Даночен биланс за оданочување на добивка (образец ДБ). Овие приходи и расходи треба да бидат евидентирани на посебна сметка.

За повеќе информации во врска со начинот на пополнување и поднесување на Даночен биланс (образец ДБ), кликни тука.