Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, изнесува 104.2.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (16.9%), Градежништво (11.5%) и Преработувачка индустрија (8.8%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (19.8%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11.1%) и Други услужни дејности (9.7%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2014, изнесува 22. 407 денари. Во декември 2014 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.