Посветени сме на она што го ветивме и ќе останеме посветени на тоа, независно што се случува и со какви подмолни напади се соочуваме, истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се реализираат одредени проекти како што сe зголемувањето на пензиите и социјалната помош, со оглед на сериозната политичка состојба во земјата.
Владата, нагласи, ќе остане посветена на реализација на она што е ветено во предизборната програма и ќе останат доследни на тоа.
„Сакам да истакнам дека досега пензиите се зголемија во просек од околу 62 проценти за просечната, над 70 минималната, а ќе следи и натамошно зголемување онака како што е предвидено во програмата. Оваа година тоа ќе биде во септември со октомвриската пензија,“ изјави Груевски по промоцијата на нови наслови од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.
Според него, и социјалната помош ќе се зголеми за пет отсто, онака како што беше предвидено и ветено во програмата за кон средината на годинава.