Вчера во малата сала на Општина Охрид, се одржа редовна седница на Локалниот совет на млади. Една од точките за дискусија беше процесот за создавање на новата Национална стратегија за млади (2016-2025), односно повикот за пријавување во работните групи кои ќе бидат дел од процесот. Советот на млади преку свои претставници активно ќе биде вклучен во создавањето на стратегијата која ќе ги опфати приоритетните области за младите во Република Македонија.
Младите разговараа и за можноста за изработка на европски проекти со секторот за ТЛЕР, обуки за комуникациски вештини, како и за соработка со новоформираниот Локален совет на млади од Струга.
На седницата, меѓу другото, беа претставени и новите членови на Советот кои дадоа свои идеи и конкретни предлози за идните активности на Локалниот совет на млади.