Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО- ДПМНЕ- Охрид, во која стои:
„На глава да застанат од СДСМ- Охрид, вистината е една, ВМРО-ДПМНЕ –Охрид, успеа и ќе изгради модерен зелен пазар она што по долги години власт во градов не успеа да го направи СДСМ .
Власта на ВМРО- ДПМНЕ реализира и ќе продолжи да ги реализира проектите што им ги вети на охриѓани за разлика од СДСМ која само уништуваше и неоправдано долги години го презадолжуваше Охрид.
Денешното соопштение на охридските Социјалдемократи е уште една потврда дека тие никогаш не мислеле и нема да мислат ништо добро за Охрид.
СДСМ- Охрид денес по којзнае кој пат јавно призна дека не се радува на добрите проекти и следствено на тоа им мисли само зло на Охрид и охриѓани, она што впрочем во континуитет го правеше за осум години владеење во градов.
Вчерашното срамно напуштање на седницата на градскиот Совет од страна на опозиционите советници предводени од СДСМ- Охрид , е доволен доказ дека тие, или не можат да ја поднесат успешната работа на ВМРО- ДПМНЕ- Охрид, или не можат да се помират со фактот дека добри работи им се случуваат на Охрид и охриѓани, или пак тие не можат да прифатат дека пазарџиите и вработените во пазарот ќе работат во подобри услови за работа а охриѓани ќе пазарат во модерен пазар.
За волја на вистината и жал на Социјалдемократите , ВМРО-ДПОМНЕ се што вети во изборната програма ќе реализира иако при тоа се соочува со тешки финансиски услови резултат на пустошот и огромните долгови што во градов ги остави власта на СДСМ.
И додека СДСМ- Охрид се занимава и троши време на негативна кампања, со својствените пакости и злоба насочени кон охриѓани, ВМРО- ДПМНЕ- Охрид, продолжува да работи посветено, чесно и транспарентно.
И на крај ги прашуваме охридските Социјалдемократи, кој е нивниот модерен пазар во Охрид?Дали тие успеаја да го изградат па се дрзнаа да ја коментираат успешната работа на ВМРО-ДПМНЕ? Или кои се нивните капитални проекти кои по осум години власт ги оставија во Охрид? Колку улици асфалтираа, колку спортски игралишта и стадиони направија? Колку градинки и училишта реновираа или изградија? Колку плоштади создадоа? Или што всушност добро тие направија во Охрид? Се сеќаваат ли на еден свој добар проект затоа што охриѓани не паметат ниту еден?!“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.