Од понеделник започнува реконструкцијата и изградба на локални патишта низ 38 општини низ државата.
„Се работи за 46 локални патишта во должина од 57 километри , инвестиција од 7,2 милиони евра. Веќе од пондеделник започнуваме со изградба и реконструкција на сите овие локални патишта кои треба да бидат завршени до крајот на оваа година“, посочи министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.