Нови спортски надежи од охридските стрелачки клубови

Викендов на стрелиштето во Битола се одржа првиот Куп со воздушно оружје во национална програма, на кое учествуваа повеќе од 30-тина стрелци од државава, а на кој свој дебитантски настап имаа новите надежи од стрелачките клубови СК „Охрид“  и ЖСК „Лихнидос“  кои успешно ја започнаа сезоната.

Во екипен пласман, првото место со резултат од 469 кругови им припадна на пионерките од СК „Охрид“ во состав на Симеона Милеска,  Стефани Ефтимоска и Марија Магдалена Шишкоска.

Второто место пак во екипен пласман им припадна на пионерките од ЖСК „Лихнидос“ во состав наЛуана Попоски, Мила Василеска и Срна Аголи.

Во поединечен пласман Симеона Милеска се пласира на второто место со резултат од 165 кругови, додека пак Стефани Ефтимоска и Мариаја Магдалена Шишкоска се пласираа на петтата односно шестата позиција со резултати од 155 односно 149 кругови.

„На овој натпревар од здравствени причини не настапија неколку стрелци од двата клуба, но се надеваме дека на вториот Куп ќе настапат сите и ќе бидат комплетирани екипите и во пионерска конкуренција.“– велат од Стрелачкиот Клуб „Охрид“.

11028265_10206418736926454_46253427_o