Анализа – Турците, Грците и Албанците најбројни туристи во 2014 година во Македонија, Холанѓаните, сеуште на неприкосновеното прво место по бројот на остварени ноќевања.
Изминатата 2014 година во поглед на туристичките движења беше доста интересна. Освен зголемениот број на домашни и странски туристи, и зголемениот број на остварени ноќевања, мора да напоменеме и дека по структурата на националноста на странските туристи, т.е од која земја потекнуваат има доста интересни придвижувања.
Како и минатите години така и 2014 година туристите од Турција го задржаа неприкосновеното прво место по број на странски туристи. Значајно што мора да се наведе во однос на туристите од Турција е што изминатата година има доста намалување на нивниот број. Ако во 2013 година сме имале 68 124 туристи од Турција, изминатата година таа бројка падна на 63 567 странски туристи од Турција.
Како и предходната 2013 година, така и 2014 година туристите од Грција ја задржаа втората позиција, иако ситуацијата е иста како онаа со странските туристи од Турција, каде имаме намалување на нивната бројка. Така, во 2013 година сме имале 46 184 туристи од Грција, а изминатата 2014 година бројката падна на 42 677.
Туристите од соседна Албанија, по бројот на странските туристи се искачи три позиции погоре. Ако во 2013 година сме имале само 16 682 албански туристи, лани таа бројка се искачи дури на 42 058 албански туристи.
Зголемување на странските туристи во 2014 година сме имале од туристите од Србија, Бугарија и Холандија. Мал пад има кај туристите од соседно Косово.
Кога сме кај ноќевањата, високата прва позиција холанѓаните не ја даваат никако. Така, изминатата 2014 година, исто како и предходната 2013 година холанѓаните оствариле најмногу ноќевања во Република Македонија, или оствариле вкупно 128 121 ноќевање. Туристите од Грција се на втората позиција каде што имаат остварено 104 371 ноќевања, кои исто како и холанѓаните, имаат зголемување на ноќевањата во однос на предходната 2013 година. Трети на листата се турците, со остварени 97 097 ноќевања.
После турските туристи на следни на листата се туристите од Србија со остварени 76 630 ноќевања, туристите од Бугарија со остварени 48 862 ноќевања, и туристите од Албанија со 42 058 ноќевања.
Кај остварените ноќевања од туристите од Косово, исто како и кај нивниот број на туристи, има мал пад. Ако во 2013 година туристите од Косово оствариле 28 113 ноќевања, таа бројка во 2014 година опадна на 25 356 ноќевања.
Анализата ја подготви Тони Павловски- Дипломиран менаџер по хотелско ресторанско работење