Екипите на „Паркови и зеленило” денеска започнаа акција за средување на дрворедот по ул. „7-ми Ноември” на потегот од поранешната фабрика „Отекс” до ОЕМУЦ. „Св.Наум Охридски“.
„Постоечкиот дрворед од јавори, лево и десно од коловозот, ќе се санира со кастрење на крошните од дрвјата на кои ќе им се даде форма пред пролетното раззеленување и оформување, а ќе се создадат подобри услови во движењето на пешаците и возилата.“– велат од претпријатието.
Оваа акција ќе се одвива етапно во текот на месец март и се реализира согласно Програмата за јавно зеленило за 2015 година на територијата на општина Охрид.
Фото: А.Андриоски