Собир на граѓани од стар град

Денеска со почеток во 19,00 часот во зградата на општина Охрид сала 1 ќе се одржи собир на граѓани за Урбана Заедница -1 Стар Град.

Урбана заедница- 1 Стар Град го зазема средишниот дел од крајбрежјето и се граничи со: од Исток со булевар „Македонски Просветители”, од Север со булевар „Туристичка”, од запад ул.„Пирин Планина”, „Кирил и Методи”, собирната улица „С-9” и реката „Грашница” и од Југ „Охридското Езеро”.

УЛИЦИ: ул. „Свети Климент Охридски”, ул. „Коста Абраш”, ул. „Цар Самоил”, ул. „Илинденска”, ул. „Кочо Рацин”, ул.„Методи Патчев”, ул.„Браќа Миладиновци”, ул. „Боро Шаин”, ул. „Григор Прличев”, ул. „Христо Узунов”, ул. „Рашанец”, ул. „Петар Чаулев”, ул. „11 Октомври”, ул. „Охридска Архиепископија”, ул. „Климент Охридски”, ул. „Кузман Капидан”, ул „Аргир Маринчев”, ул. „Димче Маленко”, ул. „Нада Филева”, ул. „Бранко Шотра”, ул. „Пирин Планина”- десна страна и непарни од бр. 37 до крај, ул. „Гоце Делчев”-дел од „Чинар” до бр.99 и бр.116 – пресек со ул. „Пирин Планина”, дел од ул. „Кирил и Методи” од почеток до бр.40 и до бр.17, дел од ул. „Андон Дуков” oд почеток до бр.16 и од почеток до бр.37, дел од ул. „7 Ноември” од почеток до пресек со булевар „Туристичка”, дел од ул. „Абас Емин” од почеток до бр.16 и бр.15 пресек со булевар „Туристичка”, ул. булевар „Македонски просветители” лева страна до пресек со булевар „Туристичка”.

На Собирите на граѓани кои за други Урбани Заедници ќе се одржуваат наредниве денови ќе се врши избор на членови на Совети на Урбани Заедници.

Собирите на граѓани ги свикува градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид, Одлуката на Советот на општина Охрид за определување граници на урбаните заедници на територија на општина Охрид и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Охрид.