На третиот по ред Државен натпревар на учениците кои ја посетуваат Бреинобреин програмата одржан во саботата во Скопје, Центарот Бреинобреин – Црвен крст Охрид го претставуваа 50 ученици кои се натпреваруваа во 9 категории и покажаа исклучителен успех, со освојување на 21 трофеј, 18 златни медали и 9 сребрени медали.
Бреинобреин е интернационална едукативна програма која ја посетуваат деца од 5-14 годишна возраст, преку која ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар во Македонија кој оваа програма ја имплементира од 2010 година, преку високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма. Во Македонија оваа програма се спроведува уште во 14 центри, а исто така Бреинобреин центри има и во Косово, Хрватска, Словенија.