Школување за ученици во средните училишта со програмата за меѓународна матура во II гимназија во Марибор, Словенија

II гимназија Марибор, Трг Милоша Зиданшка 1, 2000 Марибор, Словенија, ги повикува учениците да се пријават на Конкурсот што овозможува школување по програмата за меѓународна матура (ИБ). Програмата се одвива на англиски јазик и е една од најдобрите програми во светот за средните училишта. На избраните ученици ќе им бидат покриени трошоците за школувањето, престојот во интернат, исхраната и учебниците.

За програмата можат да се пријават учениците кои завршиле втора година средно училиште со одличен успех и кои го владеат англискиот јазик и се активни и во вонучилишните активности. Рокот за пријавување е 15 април 2015 година.

Деталите за Конкурсот и образец за пријавување можете да добиете во вашето училиште или да ги побарате на http://www.mm-druga.si. Дополнителни информации кај Полона Веховар, polona.vehovar@druga.si тел. 00 386 2 33 04 434.