Традиционално одржан Спортски ден во Велгошти по повод роденденот на Тодор Александров

По повод роденденот на Тодор Александров,  денеска во Спортската сала во Велгошти која го носи неговото име, традиционално, се одржа „Спортски Ден“.

На настанот учествуваа над 200 ученици од сите основни училишта од општина Охрид, како и ученици од основното училиште од општина Дебарца. Настанот имаше натпреварувачки карактер.

Децата се натпреваруваа во повеќе дисциплини, мал фудбал, кошарка, пинг – понг и шах.

WebOhrid