Превезени патници и стоки

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2014 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 2 813 000, во железничкиот превоз 222 000, во градско-приградскиот превоз 22 919 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 289 175.

Во истиот период, во споредба со четвртото тримесечје од 2013 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 14.2%, во железничкиот превоз е намалено за 2.2%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 18.6%.