Со низа активности општина Охрид и годинава го одбележа Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март. Утрово градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на волонтерите од Црвен Крст на 60 –ина самохрани мајки корисници на социјална помош им го честита празникот подарувајќи им цвеќе и пакети со средства за лична хигиена.
„Им го честитам денот на сите жени и мајки, им посакувам многу здравје, остварување на нивните планови и успех во кариерата. Целта на ваквите средби е и да се оствари директна средба на која ќе поразговараме за нивните проблеми, идеи, размислувања од сите области во кои локалната има ингеренции и се она што сите нас не засега“, изјави градоначалникот Бакрачески.
Меѓународниот ден на жената, Градоначалникот Бакрачески им го честита и на жените претприемачи и жените со успешни кариери во Охрид како и на припадничките од понежниот пол со посебни потреби и инвалиди на трудот.