Градоначалникот Бакрачески се сретна со жените претприемачи и успешни жени во своите професии од Охрид

По повод меѓународниот ден на жената, Градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба со жените претприемачки и успешни жени во своите професии од Охрид.

Во празнична атмосфера Градоначалникот Бакрачески со охридските претприемачки разговараше за можностите за поголем туристички и стопански развој на Охрид со акцент туризмот да прерасне во основна стопанска дејност во градов.

Во рамки на 8-мо мартовските празнувања, заменик Градоначалникот , Ангел Јанев, во име на Градоначалникот Никола Бакрачески со цвеќе и искрени желби за здравје празникот им го честита на жените со телесна инвалидност од Охрид.

8_mart_2015_P_4853