Онлајн магазинот Food and Wine објави листа на пет локации што мора да ги посетат љубителите на вино. Меѓу предлозите на дестинации за вински туризам, се наоѓа и Македонија.
Македонија
Малечката балканска држава, со 2 милиони жители, произведува висококласно вино уште од времето на Цезар, но има добиено многу малку признанија. Може да престојувате во Попова Кула, винарија со соби за сместување во Демир Карпија и глледајте да ја посетите винаријата Бовин, што е првата винарија формирана од осамостојувањето на Македонија од Југославија, од 1991. година.
Орегон
Орегон не е познат само по џемот и квалитетното кафе – исто така проиведува и добро вино. Pinot Noir од винаријата Willamette Valley е едно од најдобрите во светот. Кога ќе го посетите, престојувајте во The Allison Inn & Spa. Во шармантниот хотел работи шефот на кујна Сани Џин, што беше номиниран за наградата најдобар шеф во северозападна Америка.
Планините Јура
Популарноста на вината од планинскиот регион помеќу Франција и Швајцарија станува се поголема, најмногу поради интересниот вкус што доаѓа од екстремните клими и околината. Белите вина Cotes du Jura имаат вкус речиси на некаов чад, а црвените Arboises на јаготки. И двете вина може да ги најдете на имото Domaine Ganevat. За да го најдете ова место, ќе треба да прашате за насоки во околината – сопствениците не користат интернет.
Аризона
Аризонското Verde Valley wine trail, односно локацијата со повеќе винарии во Седона, е предизвик и конкуренција на познатата Напа. Секоја од четирите локации нуди нешто повеќе за посетителите – едната има долга традиција, што вклучува одгледување на овошје и зеленчук, другата нуди масажи во винските лозја, а сите нудат убави хотелски соби, со вкусна хранаи одличен поглед на околината.
Португалија
Алетентехо е место под заштита на UNESCO, како локација што е дел од светското наследство. Воедно е и еден од најпочитуваните вински региони во Португалија. Тука винариите вариираат од старински, налик фарми, надвор од градот, до модерни винарии со одлична околина и луксузно сместување.