Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) нотираше напредок во намалувањето на стапката на невработеност во Република Македонија. Во извештајот „15 години транзиција Западен Балкан можности за наоѓање работа во однос на младите од регионот. Како причина за тоа се наведуваат инвестициите во образованието и ефектите од странските директни инвестиции.“ Фондот посочува дека младите во Македонија и Србија имаат многу поголеми.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој учествува на конференцијата организирана од ММФ во Виена за презентација на извештајот, истакна дека оценките на ММФ како најрелевантна финансиска институција се големо признание за економските политики на Владата.
„За Македонија беше потенцирано дека има повисоки стапки на раст во однос на другите земји во регионот, дека има намалување на невработеноста, особено кај младите луѓе, се разбира во рамките на овие околности. Тоа е показател дека политиките за подобрување на конкурентноста на економијата, за зајакнување на бизнис климата, за подобрување на условите за водење бизнис и инвестициите во образованието и инфраструктурата се правилен начин да се справиме со предизвиците на денешницата“, истакна Ставрески.
Според него, политиките на Владата ќе продолжат во насока на одржлив раст на економијата и понатамошно намалување на невработеноста како главна цел на Владата на РМ.
„Постои уште многу простор за работа во повеќе сегменти, постојат уште многу прашања кои треба да се довршат и решат на правилен начин. Но, самиот податок дека Македонија е истакната како земја која остварува добри резултати, подобри споредбено со остатокот од регионот, покажува дека треба да продолжиме со уште поголем интензитет на работа“, наведе вицепремиерот Ставрески.
Во извештајот „15 години транзиција Западен Балкан“ за Македонија беше истакнато дека е напредната во структурните реформи, дека има најмали даночни оптоварувања за бизнисот, како и дека сега извезува производи со поголема додадена вредност.
Шефицата на Мисијата на ММФ во Македонија Ивана Владкова Холар која го презентираше извештајот на конференцијата, истакна дека македонската економија расте побрзо од останатите во регионот и оти ја има задржано макроекономската стабилност.