Хуманитарен ракометен натпревар помеѓу ветераните на РК „Отекс“ и РК “Моби Дик“, Охрид

На иницијатива на женските ракометни ветерани од некогашниот ракометен клуб „Отекс“ Охрид, а во рамки на одбележувањето на јубилејот 70 години на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст Охрид во соработка со ЈП „Билјанини Извори“ Охрид, организира хуманитарен ракометен натпревар помеѓу ветераните на РК „Отекс“ и РК „Моби Дик“ Охрид.

Натпреварот ќе се одржи во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, на 15-ти март (недела), со почеток во 12:00 часот.

Средствата собрани од доброволните прилози на посетителите во касите на Црвен крст Охрид, ќе бидат наменети за помош на деца од ранливите категории на граѓани од Охрид и Дебарца.

Од Црвениот крст Охрид ги покануваат нашите сограѓани да ја покажат својата хуманост и уживаат во несекојдневното, возбудливо ракометно доживување.