Данок можете да пријавите и во понеделник

Бидејќи последниот рок паѓа во недела (неработен ден), од УЈП потсетуваат дека согласно законот Годишната даночна пријава ќе може да се поднесе и на 16-ти март, (понеделник), како прв работен ден.

Според последните податоци, 330.737 граѓани веќе ја исполнија обврската за поднесување на Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, од кои 1.575 ја искорија можноста за пријавување на приходите преку електронските даночни сервиси https://etax-fl.ujp.gov.mk. И покрај големиот број на Годишни даночни пријави кои изминатите неколку дена се поднесуваат до УЈП (од 40 до 50 илјади пријави дневно), не се регистрирани застои и поголеми чекања пред даночните шалтери.

Годишната даночна пријава може да се поднесе и во сабота во Регионалните дирекции и Даночните одделенија на УЈП од 08:30 до 14:00 часот, како и во Контакт центарот на УЈП од 09:00 до 20:00 часот. Доколку граѓаните сакаат да ги избегнат метежите пред даночните шалтери, потсетуваме дека Годишната даночна пријава може да се поднесе и преку пошта во 1 (еден) примерок на адресата на надлежната Регионална дирекција на УЈП, на која според местото на живеење припаѓа подносителот, како и преку електронските даночни сервиси https://etax-fl.ujp.gov.mk за што подносителот потребно е да поседува дигитален сертификат на USB токен издаден од овластена куќа.

Корисни информации

• Годишната даночна пријава (образец “ПДД-ГДП”) можете да ја преземете од веб страницата на УЈП (види линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/21).

• Преземете ги видеото во кое практично е објаснето пополнувањето и начинот на поднесување на Годишната даночна пријава (види линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kampanji/category/773).

• Ви препорачуваме да ја преземете и брошурата „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ во која подетално е објаснето Зошто? Кој? Кога? Каде? и Како? треба да ги пријави приходите во УЈП и која ги содржи одговорите на најчесто поставуваните прашања во врска со поднесувањето и пополнувањето на даночната пријава (види линк http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/).

• (02/03/2015) Соопштение „Граѓани – Поднесување на Годишна даночна пријава до 15-ти Март!“ (види линк http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/509).