15-ти Март: Светски ден на правата на потрошувачите

На 15 март, 1962 година, американскиот претседател Џон Ф. Кенеди одржа говор за правата на потрошувачите што доведе до создавање на Декларација за правата на потрошувачите. Активистот за правата на потрошувачите Анвар Фазал подоцна предложи да се одбележува 15-ти Март како „Светски ден на правата на потрошувачите”, а од 1983 година организациите на потрошувачите почнаа со одбележување на тој ден како повод за промоција на основните права на потрошувачите.

Светскиот ден на правата на потрошувачите е годишен повод за славење и солидарност во рамките на организациите на потрошувачи ширум светот. Учесниците го одбележуваат денот преку промоција на основните права на сите потрошувачи, барајќи да се почитуваат и штитат тие права, и апелираат за злоупотребите на потрошувачките права на пазарот и социјалните неправди кои ги поткопуваат овие права.

Оваа година Светската потрошувачка организација го одбележува денот со препораки кон Глобална Конвенција за заштита и промовирање на здравата исхрана. Нездравата исхрана е поврзана со четири од десетте најголеми причини за смрт во светот: прекумерна тежина и дебелина, висок крвен притисок, висок процент на гликоза во крвта и висок холестерол. Дебелината се проценува дека ги чини САД два трилиони долари годишно. Сега е вистинското време светот да се освести за „цената“ на нездравата исхрана.

Тоа е причината зошто светската организација на потрошувачите одлучи овогодишното одбележување на денот на правата на потрошувачите да го посвети на здравата исхрана и помош на потрошувачите при избор на здрави диети и начини на исхрана. Членовите на светската организација на потрошувачи ќе одржуваат кампањи  и активности, да се привлече внимание на тешкотиите со кои се соочуваат потрошувачите при изборот на здрава исхрана. Со тие кампањи би се постигнало:

– Намалување на високото ниво на масти, сол и шеќер во секојдневната исхрана

– Намалување на рекламирањето на брзата храна за деца

– Обезбедување на јасно означување на прехранбените производи за да им се помогне на потрошувачите да избираат здрава храна

– Подобрување на стандардот на храна која се служи во јавните институции како училишта и болници

Организацијата на потрошувачите на Македонија во изминатиот период, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, промовираше 6 нови брошури за означување на храната. Брошурата гласи: „Како да се чита означувањето на прехранбениот производ“ каде се објаснети нутритивните информации и како на лесно разбирлив начин потрошувачот да ја разликува здравата која влијае позитивно од онаа која влијае негативно на здравјето.

http://www.opm.org.mk/izdanija/MK/Broshuri/kako_da_se_cita_fin.pdf