Во градскиот парк и плоштад се врши освежување на зелените површини со замена на оштетените садници и засадување на нови садници од цветниот расад „очиња” како и декоративни грмушки. Со покачување на дневните температури се косат и зелените површини.
На паркингот во близина на плоштадот „Крушевска Република” се уредуваат крошните од дрвјата.
Се расчистува зелениот појас покрај коловозот од магистралниот пат кој води до село Вапила од расфрланиот отпад (хартија, пластика, комунален и друг вид отпад).
По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици се подигнува шут од распадната куќа на аголот „Гоце Делчев” и „Стив Наумов”.