Поволните временски услови овозможија екипите на „Паркови и зеленило” максимално да се ангажираат во пролетното подготвување на парковските и зелени површини во градот.
Заради претрпените штети од обилните снежни врнежи, се заменуваат оштетените садници во бетонската жардињера помеѓу двете коловозни ленти на „Булевар Туристичка” (потег градски пазар-Гимназија). На одредени делови се врши комплетна реконструкција на жардињерата со отстранување на садниците и земјата, каде ќе се засадат нови декоративни грмушки од сопствениот расадник.
„Изборот на садниците ќе одговара на просторот и функционалноста, да не се попречува нормалното одвивање на сообраќајот, а во исто време ќе се запази естетската компонента.“- велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Исто така екипи на „Паркови и зеленило, ја косат тревата, ги режат повеќегодишните садници во градскиот парк и „Булевар Туристичка” и ги уредуваат крошните од дрвјата.