Најавен почетокот на Проектот за зајакнување на управувањето на прекуграничните природни богатства на Охридскиот регион

УНЕСКО го најави почетокот на Проектот за Зајакнување на управувањето на прекуграничните културни и природни богатства на Охридскиот Регион. http://whc.unesco.org/en/news/1252

Во оваа иницијатива од самиот почеток беше Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридско Езеро.

„Работите добиваат видливост и нашата цел со овој Проект кој еве започнува е со подрршка на УНЕСКО да ја зајакнеме заштитата на наследството во охридскиот регион и со тоа и самото езеро, и на тоа да се додаде и албанската страна под истиот режим на таа заштита. Фокусот е да обезбедиме интегралност на заштитата, инвентаризација на културното и природното наследство во регионот и негова туристичка валоризација“. – изјави Дејан Пановски, македонски преставник во Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското Езеро.

WebOhrid