Извештај од охридскиот екологист Наумоски по повод Светскиот ден на водите

Охридскиот екологист Лазо Наумоски испрати свој допис до медиумите, по повод 22 – ри март Светскиот ден на водите, на тема „Влијанието на Националниот парк Галичица врз Охридското Езеро и неговата флора и фауна.

„Планината Галичица која се протега на источниот брег на Охридското Езеро во далечната 1958 година прогласена е за Национален парк.

Зафаќа површина од 25.000 ha од која 14.000 ha се под шума.

Охридското Езеро зафаќа површина од 358 км2 и образува водена маса од 58 км3 вода. Неговото напојување со вода се врши со 40 подземни и надземни извори, потоци и реки од кои 23 се на Албанскиот дел а 17 на Македонскиот дел.

Сите оние реки кои потекнуваат од повисоките места од сливнотот подрачје на Охридското Езеро каде се располага со огромна наталожена лисна маса од тамошните шумски зелени појаси, со нејзиното изгнијување се формираат хумусни почви богати со хумусни киселини.

Овие хумусни киселини напролет со топењето на снегот и обилните врнежи се испираат и по природен пат преку сливните реки се вливаат во Охридското Езеро.

Ваквите сливни реки како резултат на хумусните киселини стануваат води со променлива Ph вредност на водата односно кон нивно закиселување. Таквите води не се добри за езерската флора и фауна.

Планината Галичица по својата структура е каменлива и варовита богата со калциум карбонат (СаСО3 ) и сите оние води (извори, реки и потоци) било да се површински или подземни, а се производ од планината Галичица кој се вливаат во водите на Охридското Езеро имаат природна моќ да ги неутрализираат другите води кој се вливаат во Охридското Езеро а во себе содржат променлива Рh вредност на самата вода.

Сево ова зборува дека Националниот Парк Галичица претставува природен феномен за Охридското Езеро. Благодарение на Националниот парк Галичица опстојуваат двете природни езера, Охридското и Преспанското.“ – вели во својот допис незавиниот екологист Лазо Наумоски.

Тој потсетува дека Климатските промени чукаат на врата, а последиците со кој ќе се соочиме се следните:

-температурата на земјината топка ќе се покачи од 3 до 5 (степени целзиусови)

-ќе настане прегрупирање на флората од земјината планета

-на местата каде денес се шири и опстојува дабот ќе дојде леската

-на местата каде што денес опстојува буката ќе дојде дабот

-на високите места од планините кој денес исклучиво се со тревната вегетација ќе дојде буката.

„Ваквите трансформации на флората од земјината топка се последица од климатските промени и човекот мора да се припреми за што побезболно ги преживее без некој долгорочни последици.

Галичица да ја оставиме природно да се развиви богата со флора и фауна. Шумските зелени појаси од Галичица да се со поголем обем а Галичица и понатаму остане како најголем еколошки поддржувач во опстанокот на Охридкото и Преспанското Езеро.

Во интерес на сочувување на природниот феномен на Галичица врз Охридското Езеро неминовно е идните неколку години денот на друвото односно пошумувањето во сливното подрачје на Охридското Езеро да биде помасовно, добро организирано во пределот на Галичица. “– додава Наумовски.

Според него, неопходно е шумите од сливното подрачје на Охридското Езеро во иднина да добијат што е можно повеќе третман на заштитни шуми и шуми од посебни намени.

WebOhrid