Македонија атрактивна дестинација за шведскиот туроператор „TUI Fly Nordic”

Туристичкиот потенцијал на Македонија претставен на последниот саем во зимската сезона „TUR Resemässan i Göteborg” кој се одржува во Гетеборг, Шведска.

Повеќе од 600 егзибитори и туристички компании како и повеќе од 100 туристички дестинации ја претставуваат својата понуда на најважниот саем во Шведска кој се оддржува од 19 до 22 Март, 2015 година. Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) со нов дизајн на штандот и нови промотивни материјали го претставува туристичкиот производ од Македонија на уште еден туристички саем на Нордискиот пазар.

„Оваа година остваривме средба и одржавме успешна презентација пред продукт менаџерите на шведскиот тур оператор “TUI Fly Nordic” кои изразија интерест да ја постават Македонија на шведскиот пазар во нивната туристичка понуда за претстојните сезони. Одичната авионска конекција со Шведска преку директните линии од Скопје до најголемите шведски урбани центри Стокхолм, Гетеборг и Малме го зголемија интересот за посета на нашиот главен град како атрактивна “City break” дестинација. Дополнителна поддршка се и мерките на владата кои го стимулираат туризмот во Македонија и висината на субвенциите за скандинавските земји изнесува 65 евра по донесен турист за авионски организиран туристички промет во нашата држава”, изјави Кристијан Џамбазовски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.