Во рамки на заедничката соработка на Локалната самоуправа и Територијалната противпожарна единица , деновиве се одржаа предавања во средните училишта на тема „Однесување на средношколците при сообраќајни несреќи“, во кои се предвидува едукација на ученици од III и IV година. Првично предавања се одржаа со ученици од трета година од ОСУ „Св.Климент Охридски“, СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, ОУТУ „Ванчо Питошески“ и ОЕМУЦ „ Св.Наум Охридски“.
Целта на проектот е да се подигне свеста за последиците од сообраќајните незгоди, како да се повикаат телефоните 192-Полиција, 193-Противпожарна бригада и 194-Брза помош, да се подигне свеста за евентуалните ризици на самото место на сообраќајната незгода и влијанието на реакциите врз сопствениот и животот на другите.
На учениците од страна на припадниците од противпожарната служба им беа објаснети постапките кон кои треба да се придржуваат во случаи на сообраќајни несреќи, како да помогнат при сообраќајни несреќи и нивна заштита заради спречување да станат потенцијална жртва. Исто така на учениците им беше презентиран и алатот со кој се постапува, во случаи на спасување на жртвите во сообраќајни незгоди.