Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, им соопштува на сите заинтересирани правни и физички лица дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик 01/2015 за доставување барања за користење финансиски средства од Петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија ИПАРД програмата 2007-2013 за следните мерки:
-Мерка 101 – Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија
-Мерка 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија
-Мерка 302 – Диверзификација и развој на руралните економски активности
Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Повеќегодишната Финансиска Спогодба 2007-2011 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на прифатливите трошоци.
Целта на ИПАРД програмата 2007-2013 е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехрамбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската Унија и постигнување одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 05 мај 2015 година.
Подетални информации заинтересираните можат да добијат на тел. 02 3097-460 , на веб страната www.ipardpa.gov.mk или на телефонот 046-230-175 на Секторот ТЛЕР Канцеларија за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието при Општина Охрид.
Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, им соопштува на сите заинтересирани правни и физички лица дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик 02/2015 за доставување барања за користење финансиски средства од Петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија ИПАРД програмата 2007-2013 за следната мерка:
Мерка 121.4 – Набавка на опрема за систем капка по капка за пченка, сончоглед и фуражни култури и бунари за наводнување
Финансиската поддршка за овој Јавен повик се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.
Максималната вредност на прифатливите трошоци е до 922.000 денари за инвестиции во систем за наводнување на пченка и фуражни култури и до 364.000 денари за инвестиции за бунари.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 20 Април 2015 година.
Подетални информации заинтересираните можат да добијат на тел. 02 3097-460 , на веб страната www.ipardpa.gov.mk или на телефонот 046-230-175 на Секторот ТЛЕР Канцеларија за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието при Општина Охрид.