Спортската академија по четврт пат започнува потрага по спортски таленти

Спортската академија по четврт пат започнува потрага по спортски таленти. Целта на Спортската академија е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.

Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг.

За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт. Кандидатите за упис во прва година, ќе бидат селектирани од стручна комисија.

1. Велес – паралелки по ракомет и фудбал
2. Гостивар – паралелки по ракомет и фудбал
3. Охрид – паралелки по ракомет, фудбал и кошарка
4. Штип – паралелка по фудбал
5. Прилеп – паралелки по ракомет и фудбал
6. Струмица – паралелки по фудбал и кошарка
7. Битола – паралелки по ракомет, фудбал и тенис
8. Кавадарци – паралелка по кошарка
9. Тетово – паралелка по фудбал

Селекцијата ќе се врши по региони низ цела територија на Република Македонија и ќе се одвива во три фази:

– Скаутирање од стручни лица
– Селекција од стручен тим
– Последна фаза, тестирање на психофизичките способности од страна на стручна комисија

На учениците кои ќе бидат примени, а не се од градот каде што ќе ја посетуваат наставата, ќе им биде обезбедено сместување и храна Превоз до училиштето и до спортските терени ќе биде обезбеден за сите ученици , во согласност со закон.

Листата на локации и датуми на кои ќе се врши првичната селекција како и листата на одговорни контакт лица за секој спорт од конкретната Федерација е следната:

– За спортските паралелки по фудбал (Фудбалска федерација на Македонија)

За градовите: Гостивар, Тетово и Кичево

Терен на општина Гостивар со вештачка трева – Гостивар, 06.04.2015, понеделник, 11:00 часот;

Собир и евидентирање: 10.00 часот

Пријавување најдоцна до 02.04.2015г. кај регионалниот координатор Арѓент Беќири 078/225-555

– За градовите: Охрид, Струга и Дебар

Терен на Општина Охрид со вештачка трева Билјанини Извори – Охрид, 08.04.2015, среда, 12:00 часот;

Собир и евидентирање: 11.00 часот

Пријавување најдоцна до 03.04.2015г. кај регионалниот координатор Гоце Толески 078/208-604

– За градовите: Битола, Демир Хисар и Ресен

Терен на Општина Битола со вештачка трева – Битола, 09.04.2015, четврток, 12:00 часот;

Собир и евидентирање: 11.00 часот

Пријавување најдоцна до 04.04.2015г. кај регионалниот координатор Лазo Гаштаров 076/282-070

-За градовите: Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Кавадарци и Неготино

Терен на Општина Прилеп со вештачка трева – Прилеп, 13.04.2015, понеделник, 12:00 часот;

Собир и евидентирање: 11.00 часот

Пријавување најдоцна до 09.04.2015г. кај регионалниот координатор Тони Наумоски 078/308-575

-За градовите: Струмица, Гевгелија, Валандово, Радовиш, Дојран, Берово, Пехчево, Миравци и Демир Капија

Терен на Општина Струмица со вештачка трева – Струмица, 15.04.2015, среда, 12:00часот;

Собир и евидентирање: 11.00 часот

Пријавување најдоцна до 10.04.2015г. кај регионалниот координатор Васко Георгиев 075/259-453

-За градовите: Штип, Кочани, Виница, Свети Николе, Пробиштип, Делчево, Кратово, Крива Паланка и Македонска Каменица

Терен на Општина Штип со вештачка трева – Штип, 17.04.2015, петок, 11:00часот;

Собир и евидентирање: 10.00 часот

Пријавување најдоцна до 11.04.2015г. кај регионалниот координатор Димитар Маџунаров 078/476-715

-За градовите: Велес и Градско

Градски Стадион – Велес, 21.04.2015, вторник, 11:00 часот;

Собир и евидентирање: 11.00 часот

Пријавување најдоцна до 16.04.2015г. кај регионалниот координатор Ивица Чакаров 078/220-210

-За градовите: Скопје и Куманово

Тренинг Центар на ФФМ – Скопје 22.04.2015, среда и 23.04.2015, четврток, 10:00 часот;

Собир и евидентирање: 09.00 часот

Пријавување најдоцна до 17.04.2015г. кај регионалниот координатор Марјан Јовановски 078/748-915

Контакт за дополнителни информации: Жарко Игњатовски 070/278-573 и Зоран Стратев 071/343-874

*Сите заинтересирани кандидати треба да приложат потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина или да приложат индивидуална лиценца за регистрација за клуб во МФФ за сезона 2014/2015

– За спортските паралелки по ракомет (Ракометна федерација на Македонија)

За градовите: Охрид, Струга и Ресен

Спортска сала при ОУ “Григор Прличев” Охрид – 16.04.2015, четврток, 11:00 часот

-За градовите: Прилеп, Битола, Кавадарци, Неготино, Македонски Брод и Крушево

Спортска сала при СОУ “Ристе Ристески Ричко” (населба Точила) Прилеп – 15.05.2015, петок, 11:00 часот

-За градовите: Струмица, Штип, Пробиштип, Радовиш, Свети Николе, Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Гевегелија, Богданци, Македонска Каменица и Дојран

Спортска сала при СУЦ “Димитар Влахов” Струмица – 14.04.2015, вторник, 11:00 часот

-За градовите: Скопје, Велес, Куманово и Гостивар

Спортска сала “Народни Херои” (при ФФК) Скопје – 21.04.2015, вторник, 11:00 часот

-За кандидати од сите градови кои го пропуштиле првиот рок за пријавување и оние кандидати од првата селекција на кои ќе треба да им се изврши дополнителен тест

Спортска сала “Народни Херои” (при ФФК) Скопје – 29.04.2015, среда, 11:00 часот;

Контакт за дополнителни информации: Силвана Карбеска 078/276-003 skarbeska@macedoniahandball.com.mk

*Сите заинтересирани кандидати треба да приложат потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина или да приложат индивидуална лиценца за регистрација за клуб во МРФ за сезона 2014/2015.

– За спортската паралелка по тенис (Македонска тениска федерација)

– За градовите: Битола, Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Ресен, Вевчани, Дебар, Кичево, Македонски Брод, Охрид и Струга

ТК Битола ул. Цане Василев 2/22 – Битола, 18.04.2015, сабота, 10:30 часот;

– За градовите: Штип, Свети Николе, Кратово, Берово, Виница, Делчево, Македонска Каменица, Кочани, Пехчево, Пробиштип, Валандово, Гевгелија и Дојран

ТК Триумф ул. Брегалничка бб – Штип (до градскиот базен) , 18.04.2015, сабота 10:30 часот;

-За градовите: Скопје, Велес, Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Куманово и Крива Паланка

ТК Југ – Градски Парк бб – Скопје , 19.04.2015, недела, 10:30 часот;

-За сите кандидати од првиот избор / селекција

ТК Југ – Градски Парк бб – Скопје , 22.05.2015, петок, 10:30 часот,

Контакт за дополнителни информации: Слободан Бачварски

075/430-407 и Горан Шевченко 070/233-243; nacionalnateniskaakademija@yahoo.com

-За спортските паралелки по кошарка (Македонска кошаркарска федерација)

За градовите: Охрид, Струга, Кичево, Македонски Брод, Битола, Ресен, Дебар и Демир Хисар

Сала “ Билјанини извори ” Охрид – 01.04,2015, среда, 17 часот;

-За градовите: Кавадарци, Неготино, Велес, Штип, Прилеп, Демир Капија, Крушево и Свети Николе

Сала “Јасмин” Кавадарци – 03.04.2015, петок,16:00 часот;

– За градовите: Струмица, Гевгелија, Валандово, Богданци, Каменица, Берово, Пехчево, Виница и Дојран

Сала “Никола Карев” Струмица – 06.04.2015, понеделник. 18:30 часот;

– За градовите: Скопје, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Куманово, Гостивар и Тетово

Сала “Невена Георгиева Дуња” – Скопје, 08.04.2015, среда, 15:00 часот;

Контакт за дополнителни информации: Кристина Поповска 075/328-890 office@basketball.org.mk

*Сите заинтересирани кандидати треба да приложат потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина или да приложат индивидуална лиценца за регистрација за клуб во МКФ за сезона 2014/2015

За сите спортови, контакт лица од Министерството за образование и наука се:

Васка Стоицова 076/445-332
Мирјана Јордановска 076/446-162
Дана Бишкоска 075/346-973

Секој кандидат е должен да пристигне и да го потврди своето присуство на местото каде што ќе се одвива селекцијата најмалку 30 мин пред почетокот на истата.

Сите кандидати/ученици, за сите спортови, кои ќе ја поминат првата фаза на селекција ќе бидат информирани за терминот за следната фаза на селекција.