Општина Охрид преку Секторот за туризам и локален економски развој ги повикува сите регистрирани приватни станоиздавачи, хотели, ресторани, кафетерии, туристички агенции и другите субјекти поврзани со туризмот, својата понуда и услуги бесплатно да ја презентираат својата туристичка понуда преку веб страницата www.ipult.info.
За таа цел потребно е да се испратата информации во форма на текст и слика, кои ќе бидат објавени и на информативните “touch screen“ уреди, поставени на клучни локации во градов, со што на туристите и посетителите им се овозможува брз и лесен пристап до услугите.
Воедно се повикуваат сите регистрирани приватни станоиздавачи и хотели, своите понуди да ги објавуваат и на веб страницата http://www.ohrid-apartments.info со што ќе се овозможи брзо и лесно пребарување на сместувачките капацитети (соби и апартмани) и услуги од страна на посетителите на страницата.
Субјектите кои веќе ги нудат своите услуги на www.ipult.info и http://www.ohrid-apartments.info треба да ги ажурираат (обноват) податоците.
Заинтересираните, за подетални информации можат да се обратат во Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид на тел. 046/230-175.