Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Фалсификување пари“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.П. (24) од Охрид.
На 22 ноември минатата година, пријавениот на негов пријател кој работел како ноќен чувар во кафе бар, му дал банкнота од 100 американски долари со цел да ја размени за денари. Настанот се случил во 04 часот кога пријавениот кој бил со уште три други лица, го забележал ноќниот чувар во кафе бар лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид.
Со образложение дека имал долари што сакал да ги размени бидејќи му требале денари да ја плати сметката во друг угостителски објект, пријавениот на неговиот пријател му ја дал банкнотата од 100 американски долари за што од сега оштетениот, добил 3000 денари и ветување дека наредниот ден ќе му исплател уште 1900 денари.
Неколку минути потоа, оштетениот се посомневал дека банкнотата која му ја дал Б.П. е сомнителна и набрзо забележал дека истата нема сериски број и има натпис SOUVENIR PRODUCTION.
Од страна на полициските службеници, со потврда, банкнотата е одземена од оштетениот и испратена за вештачење до Народната Банка на Република Македонија од каде е добиена експертиза за фалсификат.