Со низа свечености ќе се одбележи Јубилејот 70 години Црвен крст Охрид

Црвениот крст Охрид, во сабота (28-ми март), со повеќе свечености ќе го одбележи својот 70 годишен јубилеј.

Во 12:00 часот ќе има дефиле низ улиците на Охрид , со поаѓање од пред седиштето на Црвен крст. Во 13:00 часот , на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи презентација на активностите на Црвениот крст Охрид. 

Вечерта во 19:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“,  ќе се промовираат  книги – Биографии за Анри Динан и Густав Моние. Додека во 20:00 часот, исто така во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечена академија.

WebOhrid