Вчера, даночни службеници од Регионалната дирекција Штип при извршување на службените должности биле вербално нападнати од даночен обврзник. Имено, обврзникот кој заради неплатена радиодифузна такса добил решение за присилна наплата согласно законските процедури, ги нападнал вработените и употребил сила при што скршил врата од канцеларија во Регионалната дирекција Штип. Случајот е пријавен во СВР Штип.
Во врска со Радиодифузна такса ова не е прв инцидент, во 2013-та година беше нападната даночена службеничка во Даночно одделение Куманово (види http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/403).
Иако ваквите инциденти се исклучоци, Управата за јавни приходи изразува згрозеност од бруталноста и навредите кои се употребуваат кон даночниците, а посебно кога се доведува во прашање безбедноста и здравјето на вработените при вршење на професионални должности.