Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година, звањето доктор на науки го стекнале 206 лица што претставува намалување за 5.9% во споредба со 2013 година.
Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, 41.8%; потоа на техничко – технолошките науки, 17.5%; следат медицинските науки со 15.5%, а останатите лица докторирале во областа на хуманистичките науки, природно-математичките и биотехничките науки.
Бројот на жените кои одбраниле докторска дисертација во текот на 2014 година изнесува 106 кандидати што претставува 51.5% од вкупниот број на лица кои докторирале во 2014 година.
Од вкупниот број докторирани лица, најголем процент, 47.1%, својата професија ја вршат во образовната