На иницијатива и покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот вчера во Охрид се одржа работен состанок со туристичкиот бизнис сектор од југозападниот регион на Република Македонија.
Директорот на АППТРМ, Кристијан Џамбазовски имаше продуктивна средба со претставници на туристичките комори, Асоцијацијата на хотелиери, туристичкиот кластер од регионот, агенции, туроператори и други представници од стопанството со цел иницирање на поинтензивна соработка со туристичкиот сектор за подобра организација на европска регионална конференција за активен туризам „AdventureNext – Balkans“, која ќе се оддржи во Мај, 2016 година. „Тридневниот „AdventureNext – Balkans“ Самит ќе ја интензивира соработката меѓу чинителите од балканските земји во областа на туризмот со цел зголемување на достапноста на културите и природните туристички ресурси на регионот, како и обезбедување на квалитетна испорака на туристички услуги.
Развојот на активниот туризам ќе доведе до значителни економски бенефиции за Македонија затоа што активните патувања се најбрзо растечкиот сегмент од светската туристичката индустрија. Затоа е и целта на работниот состанок, заеднички да се делува во припрема на Самитот, координирање на активностите, подобрување на туристичката понуда и услугата, збогатување на содржината, и создавање на нови туристички продукти.
На работниот состанок се дискутираа и на теми за подобрување и понепосредна соработка со АППТРМ и туристичкиот сектор од југозападниот дел на Македонија и решавање на проблеми, состојби, иницијативи и предлози што нив ги засегаат.
На работниот состанок беа назначени две лица за артикулирање на идеите, проблемите и потребите на туристичкиот сектор и координација на истиот со Агенцијата за заедничко делување и понатамошни активности во насока на успешна организација на Самитот во 2016 година и следење на идни активности во развивање на дестинацијата и воопшто туризмот во Македонија. Организирање на тематски состаноци на туристичкиот секторот со АППТРМ ќе продолжат континуирано, нареден состанок ќе се оддржи во текот на месец април.