Во тек е програмата наменета за рурален развој односно ИПАРД програма, со која програма се обезбедува финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој.
„Голем е интересот на земјоделците од Охридскиот регион за аплицирање по најновиот ИПАРД повик. Најголем е интересот за набавка на нови трактори и приклучна механизација. Зголемениот број на заинтересирани земјоделци е поради тоа што годинава има поволни измени во ИПАРД програмата за набавка на трактори и приклучна механизација.“ -информираат од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Р.Е Охрид.
Ова се трите мерки од ИПАРД програмата,
Мерка 101 – Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија.
Финансиската подршка за мерка 101 е наменета за набавка на Трактор и целокупна механизација, обновување на лозови и овошни насади.
Мерка 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија.
Финансиската подршка за мерка 103 е наменета на преработувашките капацитети за млеко и млечни производи, преработка на овошје и зеленчук и преработка од производи од месо.
Мерка 302 – Диверзификација и развој на руралните економски активности
Финансиската поддршка за мерка 302 е наменета за руралната популација за инвестиции во приоритетните сектори: поддршка и развој на микро и мали претпријатијата во руралните средини за преработка на храна,не-прехрамбени производствени активности, воспоставување на алтернативни земјоделски производствени системи на земјоделски стопанства и обезбедување на земјоделски услуги, рурален туризам.
Од Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, Р.Е Охрид ги информираат сите заинтересирани земоделци кои сакаат да набават нови трактори и приклучна механизација, да направат мини фабрика за преработка или да се занимаваат со селски туризам да дојдат во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството Р.Е Охрид, да им помогнат во прибирање на потребната документација.
„Многу важно е да се истакне дека изготвувањето на техничкиот предлог проект, односно Деловниот план го изготвуваме бесплатно и да не се оди кај приватни лица кои сето тоа го наплаќаат.“– додаваат оттаму.
Огласот трае до 5-ти мај годинава.