Во рамките на посетата на Турција и учеството на EКO Конференцијата за климатски промени, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири договори и оствари билатерални средби со министерот за животна средина и урбанизација на Турција, потоа со министерот за животна средина и просторно планирање на Косово, како и со министерот за екологија и природни ресурси на Азербејџан.
Во билатералните средби е разговарано за продлабочување на соработката на државите не само во областа климатски промени и поставување на цели во намалување на националните емисии на стакленички гасови, туку и воопшто во заштитата на животната средина.