Влегла една пензионерка во погребално претпријатие:
– Добар ден! Би сакала да порачам еден споменик за мене… сакам да биде најевтин… да го пишува моето име, а најдолу да пишува „невина се роди, невина живееше, невина умре“.
– Госпоѓо! Наплатуваме по буква, па најевтино би ве фатило да напишеме „вратена неотпакувана“!